Денеска од Србија во Косово се вратени посмртните останки на седум Албанци исчезнати од војната во Косово. Посмртните останки беа вратени преку граничниот премин Мердаре. Жртвите се убиени во селото Резале, општина Глоговец, во 1999 година. Останките ги пречекаа членови на семејствата и други граѓани. Премиерот на Косово, Албин Курти, кој исто така беше во Мердаре, рече дека масакрот во Резале е еден од доказите за српскиот геноцид во Косово. Во овој масакр, српските сили убија околу 100 Албанци, од кои десетици тела исчезнале.

Advertisements

Посмртните останки на седум жртви се пронајдени во масовна гробница во Кижевак, Србија. Остатоци од две тела претходно беа пронајдени во Рудница и беа додадени кај телата пронајдени во Кижевак. Ископувањата во Кижевак беа извршени кон крајот на минатата и оваа година, а во Рудница во 2014 година. По завршувањето на војната во Косово во 1999 година, исчезнаа околу 6.500 луѓе. Оттогаш, имаше неколку ексхумации од неколку масовни гробници во Косово и Србија, и досега се пронајдени околу 70 проценти од исчезнатите. Според властите во Косово се уште како исчезнати се водат околу 1.600 луѓе, претежно Албанци.

Прикажи повеќе