Поради напукнат бетонски столб на мост на Црна Река, железничкиот сообраќај на линијата Гевгелија – Велес се одвива комбинирано, со воз и автобус, објави 360степени.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), според информациите што ги добиле од „Македонски железници“, прекинот на железничкиот, патнички и товарен сообраќај, меѓу станиците Кукуричани и Градско (во близина на Стоби), е во прекин од вчера од 15:25 часот.

Сепак, како што додаваат од ЦУК, патничкиот сообраќај се одвива со „премостување“ – со автобуски превоз.