Обвинителката Фатиме Фетаи пред судот се откажа од гонење на обвинетиот Самир Љута, кој претходно беше осуден за кривично дело “тероризам”. Фетаи образложи дека за него нема докази со кои би се потврдило дека тој сторил било какво кривично дело. За обвинетите Фејзи и Хаки Азири, обвинителката го преиначи делото и наместо за тероризам, тие се гонат за помагање при извршување на кривично дело.
„ Дејствијата беа спорни, но добиле пресуда од две судски истанци. По насоката од Врховниот суд, со анализа и оценка на доказите се донесе заклучок дека нема докази дека тој презел докази со кои било исполнето кривичното дело тероризам, ниту било кое друго кривично дело”, кажа Фетаи за одлуката да не го гони Самир Љута.
Љута беше обвинет дека им помагал на извршителите, претставувал логистика и чувал стража во близина на местото на злосторот додека се случувало петкратното убиство. Тој претходно беше осуден на доживотна казна затвор, заедно со останатите обвинети.