Севилја на „Камп Ноу“ не успеа да го задржи водството од 2:0 од првиот натпревар и по продолженијата беше поразена со 3:0 од Барселона.

Каталонците ќе играат во финалето на Купот на кралот, а по натпреварот имаше многу поплаки за судење од страна на тимот од Андалузија.

Тренерот на оваа екипа, Лопетеги, наведе неколку ситуации за кои смета дека го решиле овој натпревар.

“Кога тренерот зборува јавно за судењето, може да биде строго санкциониран, но … Вториот жолт картон на Мингуезе изгледа како чист, пенал од Ленглет. Ова сепак треба да го проголтаме денес”, рече Лопетеги.

На крајот, Севилја може да се лути само на себе затоа што успеа да испушти голема предност, иако имаше резултат што ги водеше во финалето се додека не заврши натпреварот.