18-годишниот Никола Марковски е доказ дека кога нешто се сака, може да се постигне во животот..
Роден без една рака, односно има деформација на десната рака, но тоа не е пречка да биде активен на фудбалските терени.
Ги брани боите на Брегалница Делчево, екипа која моментно е водечки во Третата лига – Исток. Во есенскиот дел од натпреварувачката сезона Марковски успеа двапати да се запише во листата на стрелците.
Кога сме кај ФК Брегалница Делчево, играчите веќе започнаа со тренинзи, се темпира формата за пролетниот дел од сезоната.
Целта е јасна, кон нови победи, задржување на лидерското место во генералниот пласман и пласман во повисок ранг, односно Втората лига.