Центрите за вакцинирање најавени од бугарскиот филантроп д-р Милен Врабевски и наменети за македонски државјани веќе се факт и ќе започнат со вакцинирање, дознава порталот Трибуна.
Според планот вакцинацијата на граничните премини Станке Лисичково и Златарево во Бугарија, ќе започне по 14 часот на 17 мај во понеделник.
Како што најави претходно д-р Милен Врабевски, вакцина ќе можат да добијат сите македонски граѓани без разлика дали поседуваат бугарски пасош или не и никој нема да биде вратен.