Многумина несвесно, но честопати и сосем свесно, се „заробуваат“ во репетативна шема која вклучува консумирање здрава храна и вежбање во текот на неделата, но целосно дивеење за време на викендот.
Овој начин на живот што ја заменува тофу-салатата за вечера преку работна недела со шише вотка или различни видови наркотици во сабота навечер, има свое име – Хелтонизам (Healthonism)!
Хелтонизам претставува практика на водење здрав начин на живот преку правилна исхрана и редовно вежбање, истовремено вклучувајќи одредена количина на пороци, како пиење алкохол и консумирање наркотични средства.
На некој начин, хелтонизмот претставува еден вид компензација за „гревовите“. Овој тренд, исто како и многу други, претежно се забележува кај луѓе на возраст меѓу 18 и 35 години.
Луѓето кои практикуваат Хелтонизам, го опишуваат овој начин на живот како „работи напорно, забавувајсе посилно“. Како што расте трендот body positivity, популарноста на здравите рецепти и „фит-инпирации“ на Инстаграм исто така расте. Сега, повеќе од кога било, младите ја разбираат важноста на здравиот живот и сакаат да го практикуваат.
Па оттука, прашањето што се поставува е: колку од вложениот труд во нашиот здрав живот вродува со плод доколку ја завршиме неделата со дрога и алкохол? Луѓето во средината на 20-тите и раните 30-ти имаат тенденција да заборават на тоа и едноставно да се предадат на уживањето.
Но, зошто луѓето толку многу уживаат во Хелтонизмот? Професорот Дејвид Е. Конрој има објаснување за тоа:
– Една причина може да биде тоа што луѓето кои се физички поактивни во одреден ден, имаат потреба да ги искористат својата волја и когнитивни ресурси за да се активираат и не им преостанува доволно „сила“ за да им одолеат на искушенијата на пороците на крајот на неделата. – вели тој.
Научниците се обидуваат да откријат дали постои корелација помеѓу консумирање алкохол и наркотици и вежбање. Тие заклучуваат дека луѓето имаат поголема веројатност да консумираат повеќе наркотици и алкохол во деновите кога вежбаат повеќе од вообичаено. Нивната хипотеза се заснова на човечката потреба да се „прослави“ и чувството на „вина“.
Некои луѓе имаат потреба да си „честитаат“ за долгата и напорна недела на здрав начин на живот, па затоа одлучуваат да прослават со нешто „нездраво“. Оние пак кои знаат дека ги очекува бурна ноќ, свесно закажуваат напорна тренинг сесија денот претходно.
Иако сè уште нема конкретни одговори за тоа зошто овој феномен воопшто постои, гледаме дека сепак се случува во голема мерка, што заслужува поголемо внимание и анализа.