Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ. Минатата недела цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалија за 1,00 денар/литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намали за 1,50 денар/литар. Цената на дизелот поевтини за половина денар.