Од полноќ поскапува дизел горивото. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која малопродажните цени на бензините Еуросупер бс-95 и Еуросупер бс-98 не се менуваат, а цените на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за еден денар за литар. Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 1,149 ден/кг и сега ќе изнесува 41,881 ден/кг.