Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 денари за литар, а малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за половина денар за литар.
Како што сооопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,602 ден/кг и сега ќе изнесува 44,007 ден/кг.
Од ноќеска на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар)
– моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,50 (денари/литар)
– дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)
– масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС 44,007 (денари/килограм)
Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 14 мај 2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.