Според објавениот оглас за реонски попишувачи и инструктури од 25 Фебруари 2021 год. Заводот за статистика имаше предвидено 8 попишувачи од Турска етничка заедница за регионот Струга (Општина Струга и Вевчани).
Поради тоа реагираа од Национално Координативно тело на Турците во РСМ за попис.
Од таму велат дека зачудувачки беше фактот што од 8 предвидени попишувачи, без да се запази „Принципот на правична застапеност“беа прифатени само 3, иако имаше доволно кандитати кои аплицираа од турската етничка заедница за струшкиот регион.
Во нивното соопштение се вели:
-Очекуваме од Заводот за статистика да ни даде објаснување „според кои критериуми“ е направена селекцијата, односно од кои причини кандидатите кои аплицирале се одбиени.
Ние, како Национално Координативно тело на Турците во РСМ за Попис бараме што побрзо оваа грешка да се поправи.
За ова прашање ги информиравме Заводот за статистика и надлежните институции и организации, и очекуваме проблемот да се реши во најбрз можен рок. Во спротивно, оваа одлука ќе го засени процесот на попис и ќе предизвика сомнежи за целикупнот процесот околу пописот, велат од Националното координативно тело на Турците за Попис.