Студентите од октомври ќе добиваат по 2.400 денари месечно финансиска поддршка за субвенциониран оброк, со што го подобруваме студентскиот стандард и ги исполнуваме барањата на младите, објави преку социјалната мрежа facebook министерката за образование и наука Мила Царовска.
Средствата ќе се уплаќаат директно на лична сметка на студентите со што ќе им се даде можност освен во угостителски објекти да ги користат и во маркетите, додава Царовска.