Непријатниот мирис од одводите од чешмите е честа појава, а за среќа постои и едноставно решение.
До ваквите миризби доаѓа поради остатоците од храна измешани со вода и детергент, кои се насобираат во одводот. Затоа морате редовно да го чистите, за да спречите размножување на бактерии.
Исто така и во бањата често може да ви се појавува лош мирис поради промената на времето и атмосферскиот притисок кој од главниот одвод враќа лоша миризба, односно гасови кои се насобрани во канализацијата.
За среќа, постои едноставно решение кое ќе ве спаси.
Потребни состојки:
400 мл бел оцет
3 лажици сода бикарбона
5 литри вода
Прво сипете ја содата, па додавајте по малку оцет. Оставете неколку минути, а потоа истурете ја водата. За да се ослободите од лошиот мирис во бањата доволно е на одводот постојано да му истурате вода, која всушност ќе ги потиснува гасовите. Проблемот веднаш е решен!