Бензините и дизелот од полноќ поевтинуваат за денар, а екстра лесното масло за домаќинствата за 1,5 денари, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Advertisements

Новата цена на литар од моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95  ќе изнесува  72 денари,  а 74 денари на ЕУРОСУПЕР БС -98, додека дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  ќе се продава по 62,5 денари за литар, а  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  по  62 денари. Поевтинува и мазутот М-1 НС за 1,105 денари за килограм и ќе се продава по 36,876 денари.

Со одлуката на РКЕ, се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,91 процент во однос на одлуката од 3 месецов.

РКЕ во образложението за цената на горивата наведува дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување:  бензинот за 2,646 проценти, дизелот за 3,041 проценти, екстра лесното масло за 2,917  проценти, а кај мазутот намалувањето е за 3,215  проценти. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,548 проценти.