Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,00 денар/литар. Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), 44,50 ден/литар.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 денар/литар и ќе се продава по цена од
55,00 ден/литар.
– Advertisement –