Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 36 до 43 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 43 степени.

Во недела и во првата половина од следната седмица ќе има промена на временската состојба. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, јавува УХМР. Ветерот ќе го промени правецот во северен, а дневната температурата ќе биде во опаѓање./Макфакс

Текстот Од недела промена на времето, метеоролозите највуваат пороен дожд и грмежи е превземен од МАКФАКС.