ЗОРАН ИВАНОВ

Во актуелнава бучава на темата „за“ или „против“ уставните корекции, практично „за“ или „против“ ЕУ преговори „под овие околности“, а во отсуство на дефинирани одговори за тоа „под какви околности“, вирее амбиент кој резултира со сè подлабоки делби на македонското национално ткиво, со расфрлање етикети за „патриоти“ и „предавници“, посебно меѓу Македонците, покрај дури, еве и некаквиот разбирлив реактивен антибугаризам, тлее, нараснува и поминува во еден шокантно доминантен анти европеизам кој, преведено на перспективноста на македонската нација, на општеството воопшто и на државата во целина, навидум, само навидум, е една фина но, всушност, една моќна појава на класичен национализам кој брзо и лесно, како ЕУ автогол, може да се стркала на теренот па после ќе е неважно дали таквиот македонизам, во контекстов практично антимакедонизам, е кабинетски проектиран или е само природна емотивна реакција форсирана од влијателни академици, професори, уметници, уредници, аналитичари или кажано во актуелниот жаргон, од посветени „патриоти“ наспроти анационални „предавници“, сеедно, зашто на крајот, кажано во една реченица, епилогот ќе се сведе на веќе доживеана национално фрустрирачка состојба дефинирана уште во насловот.

Превземено од Цивил Медиа