Направен е на бродоградилиштето во Стокхолм и бил наоружан со бронзени топови лиени специјално за овој брод. По потонувањето, повеќето топови биле спасени во XVII век, а овој брод денес стана еден од најпосетените музеи.
„Vasa“ бил шведски воен брод кој е изграден од 1626 до 1628 година по наредба на шведскиот крал Густав II Адолф во рамките на воената експанзија во војната со полско-литванската заедница. Тој цврсто верувал дека тоа ќе биде најмоќниот воен брод во светот.

Вредноста на овој брод изнесувала повеќе од пет проценти од шведскиот бруто национален приход. Но, оваа гордост на Шведска никогаш не водела битка – бил претежок, гломазен и нестабилен.
Шведската верзија на „Титаник“ по првото исполовување и пројдените 1.300 метри на 10 август 1628-та година потонала.
Бродот не можел да го издржи силното оружје и декорациите со кои бил накитен. Така бродот потнал во заборав, се додека повторно не била откриена неговата локација на крајот на 1950-те.
„Приказната за „Vasа“ е приказна за историското фијаско“, вели Марика Хедин, историчарка и поранешна управничка на „The Vasa Museum“.
333 години бил на дното од морето

На 24 април 1961-та година бродот внимателно е извлечен од калта – и тоа со речиси недопрен труп. Бродот најпрвин бил сместен во привремениот музеј Васавервет (бродоградилиштето „Vasino“), од каде во 1988 година е преместен во музејот „Vasa“ во Стокхолм.

Денес е една од најголемите шведски туристички атракции, а го посетиле повеќе од 29 милиони луѓе од 1961 година.