Компанијата „Кожувчанка“, којашто е во сопственост на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев најави голема донација за ковид-центрите и центрите за вакцинација ширум државата.
„Многу бројните донации низ годините ја прават Кожувчанка ДОО на прво место како најголем опшествено одговорен поборник, особено онаму каде е најпотребно.
Во последната година откако започна пандемијата, неизмерно поддржуваме голем број на клиники и Ковид центри насекаде во наша држава со негазираната природна изворска вода Изворска.
Особено ни е чест и гордост на нашата последна соработка со Министерството за здравство со кои направиме договор за донација на неограничена количина на Изворска за сите вакцинални пунктови во државата, вклучувајќи го и најголемиот вакцинален пункт во А1 Арената Борис Трајковски во Скопје.
Во овие тешки моменти нашата компанија несебично помагаше онаму каде што беше потребно, се радуваме што и во овие моменти на вакцинација и имунизација ќе го направиме истото“, стои во објавата на facebook на компанијата „Кожувчанка“.