Петнаесет годишно девојче од тетовското село Селце е првата малолетна жртва од коронавирусот.
Десетина дена лекарите залудно се бореле да го спасат девојчето, која во тетовската болница била донесена во многу тешка состојба.
Итно било префрлено во Институт за белодробни заболување Козле, а потоа и на Инфективната клиника каде и починала.
Девојчето немало хронични болести, но имало прекумерна тежина.
Таа е најмладата жртва досега, а последниот период починале и други млади пациенти од Ковид-19.