Како последица на вирусот Ковид-19, почина поранешниот градоначалник на Демир Капија, Трајче Димитриев.
Димитриев во два наврата по два мандата раководеше со демиркаписката општина. Димитриев беше на 63 годишна возраст. Оваа информација за МИА ја потврдија негови блиски и Петар Мојсов, поранешен претседател на демиркапискиот Совет на општина.
Блиски на поранешниот градоначалник појаснија дека Димитриев првин бил во болница во Кавадарци една недела, па во Скопје. Таман бил малку подобар, нагло му се влошила состојбата па починал.