Европската комисија предложи создавање на Дигитален зелен сертификат за да се олесни безбедното слободно движење во ЕУ во текот на пандемијата на КОВИД-19, кој би почнал да се употребува од јуни.
Ковид-пасошот ќе содржи податоци дали личниста е вакцинирана против корона вирусот, дали стекнала имунитет после прележаната зараза или има негативен PCR тест.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека податоците од сертификатот ќе ги признаваат сите држави членки. Целта е со овој сертификат да се овозможи слобода на движење на безбеден начин.
Понатаму, се наведува дека Комисијата за да се избегне дискриминација на невакцинираните предложи сертификатите да не бидат само за вакцинација, туку и за луѓето кои се тестирале на КОВИД-19 или го прележале.
Сите патници со Дигитален зелен сертификат ќе ги имаат сите права, како и дека земјите членки можат да одлучат дали ќе прифатат и други вакцини поркај тие што ги одобри Европската агенција за лекови.