Конфузија во Државен пазарен иснпекторат. Од таму за ТВ 24 велат дека се уште не знаат како Владата планира да се спроведуваат донесените мерки. Сепак порачуваат дека фокус се очекува да бидат големите прослави.
Од Владата денеска пак се правдаат дека вакви мерки има во повеќе држави и дека се неопходни да се заштити колективното здравје.
Според министерот за здравство Венко Филипче прележаните немале доволно имунитет за Делта сојот и поради таа причина нивните сертификати, нема да се сметаат валидни.
Во повеќето евроспки земји освен вакциналните пасоши, на граѓаните за влез во некој објект ја имаат и опцијата за PCR тест на нивна сметка и сертификат за прележана болест.