Од денеска повторно е во функција жичницата до врв на Водно.
ЈСП ги заврши сите неопходни процедури за пуштање на жичницата во функција од технички и безбедносен аспект. Во изминатиот период направен е редовен годишен преглед од овластена институција, мониторинг од страна на Државен инспектор за жичници како и редовен технички преглед. Воедно во оптек се пуштени и трите автобуски линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б), информираат  од Град Скопје.