Српските туристи, кои преку Македонија патуваат на одмор во Грција, од денеска не плаќаат патарини. Ваква одлука донесе Владата уште пред неколку дена како знак на благодарност за Србија која донираше вакцини против Ковид 19, но и дозволи македонски граѓани бесплатно да се вакцинираат кај нив.

За само неколку часа биле издадени над 400 „М смарт“ картички, објави Телма. Српските туристи ги добиваат картичките на граничните премини, секако по проверка на документите и приложен доказ дека патуваат во грција.

Српските државјани ќе можат да ги користат овие картички до 15 август со опција да ги задржат и понатаму да ги користат со надополнување кредит од најмалку 300 денари.