Иако ја има поддршката од 30 пратеници за кандидатурата за претседател, сепак Силјановска Давкова како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ одлучи да собира и потписи од граѓаните, за т.н граѓанска кандидатура. За ова и се потребни најмалку 10.000 потписи. Од партијата која што ја кандидира, ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека за еден ден ќе соберат 10.000 потписи.

-Кандидатурата на професорката Силјановска Давкова покрај со потписите и поддршката од 30 пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе биде поткрепена и со над 10.000 граѓански потписи.

Профероската Силјаноска Давкова целата своја научна кариера ја има посветено на промоција и одбрана на демократијата како начин на уредување, и централната улога на граѓаните во неа, затоа и покрај тоа што таа има поддршка од 30 пратеници, поддршката од граѓаните е најзначајна.

Очекувањата се дека потписите од граѓаните ќе бидат собрани за еден ден, велат од ВМРО-ДПМНЕ.