Од денеска се отвораат и терасите и градините на угостителските објекти, кои изминатите три недели беа затворени, а според вчерашната одлука и рестораните регистрирани за прослави ќе можат да работат на отворено, но нема да можат да организираат свадби, родендени, крштевки и слично.
Сите овие објекти ќе може да работат до 20:30 часот.
Угостителските објекти на меѓународните аеродроми, како и во објектите за сместување (хотели, мотели, хостели, пансиони и друго) ќе можат да работат како и досега.
Во новиот пакет рестрикции што ги усвои Владата од денеска престанува да важи забраната за организирање и одржување семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани од ваков тип.
Полицискиот час почнува од 21 часот.