Девет илјади работници во февруари и 54 илјади во март ги немаат земено платите. Според министерот за финансии Фатмир Бесими, мерката за исплата на плати предвидена со петтиот сет мерки ќе ги опфати работниците кои не земале плата за февруари и март. Бесими не одговори конкретно дали високата бројка на неисплатени плати е знак Владата да размислува уште сега да ја продожи мерката за исплата на платите во наредните месеци.
Како Влада ги следиме сите движење и реагираме соодветно, досега сме реагирале навремено за сите барања што биле потребни согласно нашите можности и така и ќе биде. Во моментов не можам да Ви кажам дека повторно ќе има мерка за плати, ќе следиме според потребите и така ќе реагираме – изјави Фатмир Бесими- Министер за финансии.
– Advertisement –
Компаниите од денеска до 30 април ќе може да аплицираат за мерката за исплата на плати за месеците февруари и март.
Работодавачот поднесува барање за финансиска подршка за исплата на платите на работнвите БДП-ИП/3 за секој месец одделно преку системот Е-даноци најдоцна до 30 април 2021 година. УЈП веднаш, а најдоцна до три дена доставува повратен одговор за комплетноста на барањето – нагласи Сања Лукаревска- Директорка на УЈП.
Во зависност од падот на приходите, работодавачите ќе добиваат помош која ќе изнесува од 14.500 до 21.776 денари по вработен. За оваа мерка одвоени се 31 милион евра и предвидено е да се опфатат 60 илјади работници. Работодавачите кои ќе ги инвестираат земените пари од државата до крајот на годинава, ќе немаат обврска да ги враќаат, а ако не ги ивестираат ќе треба да вратат 50 отсто од земената помош на три месечни рати без камата.
Андреа Чобанова