Ивент индустријата, почнувајќи од денеска ќе протестира пред зградата на Владата се додека не се исполнат нивните барања. Како што велат тие протестите ќе бидат секој ден од 12 до 15 часот, сé до постигнување на взаемно прифатливо и одржливо решение. Од таму велат дека според официјалната статистика на Централниот регистар, овој сектор има пад на промет од 62,103% за 2020 година и тоа е можеби највисокиот пад споредено со другите индустрии.