Од 16-ти до 19-ти октомври во Паркот на Франкофонијата ќе се одржи тринаесетото издание на најстариот пивски фестивал во Скопје, Пиволенд.
Фестивалот кој традиционално се одржува од 2009 година, за посетителите ќе понуди повеќе од 30 разновидни брендови на пива, со повеќе од 100 видови индустриско и занаетчиско пиво, вкусни деликатеси како и повеќе од 40 музички артисти.
Фокусот и оваа година е на поддршка на македонската музичка сцена и Скопје ќе пулсира во ритамот на рокенролот, реге, панк, хип хоп, поп и блуз, а своја шанса да се претстават пред македонската публика ќе имаат и млади и надежни имиња.
На главната сцена на Пиволенд ќе настапат Бадминтонс, Морал, Паркети, Викеда, Д Далтонс, Пичвајз, Занаду, Деменси, Гуру Харе Бенд, Диџеј Славе, Бело Копче, Огнен Здравковски, Културно Уметнички Работници и многу други.
За најмладите во сабота е подготвена и дневна програма, а на сцената ќе свират млади бендови од училиштата „Ентерпрајз“ и „Мјузик лаб“.
Почетокот на фестивалот денеска е од 18:00, а од организацијата испраќаат покана до сите љубители на пивото и поддржувачи на Пиволенд- „Бидете дел и од овогодишното издание на Пиволенд за заедно да продолжиме една убава скопска традиција и да го исполниме нашето мото- Дојди, види, испиј!“