Велика Британија стана уште една држава што го укина данокот за женски хигиенски производи.
Риши Сунак од Министерството за финансии вети дека ќе го укине непопуларниот данок на тампони и хигиенски влошки кога буџетот беше одобрен во март, но одлуката стапи на сила дури денеска, откако Велика Британија конечно ја напушти ЕУ.
– Хигиенските производи за жени се неопходни и не треба да се одданочуваат, рече Сунак.
Тој додаде дека бесплатната дистрибуција на овие производи почна во училиштата, колеџите и болниците, а тој потег има за цел да ги направи подостапни за сите жени.
Извор.МИА