Од 3 до 8 август ќе се одржи 11. издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ по од мотото „Per astera ad astra“ (Патот до ѕвездите е трнлив).  Гдинава фестивалот  добива  еден нов формат,  односно претставите ќе  се одиграат  под отворено небо, на две сцени, на платото на Офицерски дом, дел од „Културен и информативен центар“ во Битола. Фестивалот е во организација на „Бабец театар“ а од оваа година, после 10 успешно реализирани изданија, стана дел од Годишната програма за култура на Општина Битола и ќе биде дел од програмата на Битфест 2022. 

-„Бабец театар“ и покрај економската и здравствената криза ќе продолжи да создава театарски претстави кои пред се ќе бидат достојни за презентација пред нашата публика, претстави кои ќе допрат до секое дете и претстави кои засекогаш ќе останат сеќавањата на децата. Горди сме што создадовме една генерација на млади луѓе кои токму поради нас го засакаа театарот тука првенствено мислам на нашите актери од Театарската школа „Бабец“ и на сите деца кои уживаат гледајќи ги нашите претстави. Брендот „Бабец театар“ кој 12 години успеа да опстане како професионален детски театар со 20 премиери и над 45.000 продадени влезници и ИДТФ „Битолино“ на кој публиката (11.500) имаше можност да погледне 64 претстави од 34 театари кои во Битола допатуваа од 24 различни земји од 4 континенти, веќе се запишаа со златни букви во историјата на македонскиот театар и ќе направиме се оваа приказна да продолжи со нови проекти и радосни мигови за децата. Бабец театар оваа година доби и официјално дозвола и поддршка од Светската асоцијација на детски театри АССИТЕЖ за формирање на Национален центар „АССИТЕЖ Македонија“ со седиште во Битола. Веднаш по завршувањето на Битолино заедно со нашите колеги ширум Македонија ќе започнеме една нова мисија за создавање на услови за брз и квалитетен развој на театарот за деца. Свесни сме дека нема да биде лесно но наш единствен адут е квалитетот кој многупати сме го потврдиле, како што беше и на последното наше учество на детскиот фестивал Лименка театар фест, дел од престижната манифестација „Нови Сад европска престолнина на културата за 2022“, позитивните критики во српските медиуми и многуте понуди за соработка се најголемиот доказ за тоа, велат орагнизторите 

За тринаесеттата сезона Бабец театар ја најавува својата нова премиера со наслов „Принцот Сезнајко“ работена според истоимената приказна на Ендрју Ланг.