Денеска министерот за здравство Венко Филишче информираше дека по предлог усвоен на владината седница од четврток, 21 јануари угостителските објекти ќе работат до 21 часот.
„Денеска на седница на Влада, усвоивме предлог, од 21.01 работното време на угостителските објекти да биде до 21 часот. Следната недела откако ќе ја анализираме епидемиолошката состојба во земјата, можно е дополнително олабавување на мерките, односно работното време на угостителските објекти да биде до 23 часот, напиша Филипче.