Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска на работен состанок со директорите на Здравствените домови во државата и членови на Националната работна група за ковид 19 вакцинација, ги утврдуваа насоките за организација на теренска вакцинација која треба да започне од следната недела.
Здравствените домови до петок треба да изготват план и организација за секој ден, време и место на теренската вакцинација.
Граѓаните кои ќе ја примаат првата доза вакцина на мобилен пункт, истите и ќе се ревакцинираат на терен, информираат од Министерството за здравство.
Министерството за здравство ја информира јавноста дека почнувајќи од 12 јули вакцинацијата на граѓаните ќе се одвива во постоечките вакцинални пунктови од здравствените домови и болниците во државата, а во спортските сали ќе се одвива масовна ревакцинација.
Министерството за здравство ги информира граѓаните дека почнувајќи од 12 јули, ќе може да се вакцинира секој граѓанин без разлика дали е пријавен или не се пријавил на веб страницата vakcinacija.mk Секој кој сака да се вакцинира истото ќе може да го направи без закажан термин, а паралелно ќе се одвива и вакцинацијата на граѓаните кои се пријавиле на vakcinacija.mk