Дел од предлозите на Комисијата за заразни болести испратени до Владата за укинување на рестриктивните мерки, е и предлогот за зголемување на бројот на лица кои ќе можат да седат на иста маса во угостителски објект. Комисијата предлага бројот од четири да се зголеми на шест лица. Секако, сите останати мерки за угостителите остануваат, како што се дистанца на масите, задолжителна дезинфекција, персоналот да мора да носи маски и слично. Исто така угостителските објекти ќе работат до 23:30 часот бидејќи одлуката за полициски час останува на сила и по први јуни, а трае од полноќ до 04 часот наутро.