Комисијата за заразни болести утрово на состанок донесе одлука да се достави предлог до Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) за олабавување на рестриктивните мерки, информира Министерството за здравство, посочувајќи дека таа се должи на стивнувањето на пандемијата стивнува и намалувањето на бројот на активни случаи од недела во недела.
Комисијата до Штабот ќе предложи од 1 јуни заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено. Маските на сите затворени места, јавен превоз и секаде каде не може да се одржува препорачана дистанца остануваат задолжителни.