Од 1 јануари следната  година не се очекува да има зголемување на цената на струјата, но останува поголемиот данок – рече во „Студио 10“ директорот на ЕСМ Васко Ковачевски…

Тој напомена дека тоа што фирми се префрлиле од слободниот на регулираниот пазар, каде што струјата е наменета за домаќинствата и малите потрошувачи, не ја зголемило потрошувачката бидејќи во октомври и почетокот на ноември имавме  потопло време. Меѓутоа, порача дека тие треба што побрзо да се вратат на слободниот пазар и вели дека се добри најавите за воведување блок-тарифи на регулираниот пазар и за фирмите, исто како што беше направено со домаќинствата, па на таков начин оние што трошат повеќе – ќе плаќаат повеќе, па на големите компании нема да им биде од корист да бидат на регулираниот пазар.

– Не очекува најтешка зима во последните 70 години, тоа го напоменаа и светските лидери. Имаме намалена потрошувачка на електрична енергија изминатиов период поради поволните температури. Влегуваме во потежок период. Во втората половина на декември треба да се направи пресметка за цената не електричната енергија на регулираниот пазар. Цената ќе ја формираме према ЕВН Хоум и следтсвено на тоа РКЕ ќе донесе одлука за новата цена за периодот од 1 јануари до 30 јуни. Даночната стапка се зголемува за 10 проценти. Се наоѓаат начини кои нема да дозволат зголемување на цените. Блок тарифите за докмаќинставата носат резултати. Сите домаќинства и малите порошувачи добиваат електична енергија 80 посто субвенционирана од државата. Ако бидат цените реални, граѓаните ќе плакаат 5 пати повисоки сметки. Рестрикции не се предвидени – вели за „Студио 10“ Васко Ковачевски.