На 28 септември 2025 година, во с. Кучково, Општина Ѓорче Петров (кај Крстот), ќе се одржи петтото издание на единствената трка со препреки во Македонија, организирана од Спортското здружение ОТАКУ СКОПЈЕ.

Оваа трка претставува уникатно спортско и адреналинско доживување за сите учесници, кои ќе можат да ја тестираат својата физичка и психичка подготвеност на патека долга преку 8 км која има повеќе од 20 предизвикувачки препреки. Трката вклучува качување по јаже, преминување преку високи ѕидови, ползење низ кал, носење товар, трчање низ природен терен, како и многу други предизвици кои остануваат изненадување, најави организаторот.

„OCR Кучково“ е многу повеќе од спортска трка – тоа е тест за издржливост, самонадминување и тимски дух, кој создава незаборавни моменти за секој што ќе застане на стартната линија.

По завршувањето на трката ќе се одржи церемонија за наградување на најдобрите во категориите: мажи, жени и тимови“.

Организаторите ги покануваат сите љубители на спортот, авантурата и природата, да ги бодрат натпреварувачите и да уживаат во единствената трка со препреки во земјава, која ќе се одржи во недела (28 септември, во 10:00 часот), кај Крстот во с. Кучково.

Текстот „OCR Кучково 2025“: во недела петто издание на трка со препреки во Македонија е превземен од МАКФАКС.