Екипата на Јувентус беше убедлива во Купот на Италија, а Кристијано Роналдо не беше на тој натпревар. Логично, најдобриот фудбалер на тимот вчера паузираше, не му беше потребен на тимот, па наместо со соиграчите, тој го искористи времето со неговата сопруга Георгина Родригез.
Таа го прослави нејзиниот 27-ми роденден, а по тој повод двајцата решија да го посетат познатиот ски центар Курмајаор. Но, со тоа ги прекршија правилата, бидејќи овој италијански ски центар е затворен поради коронавирусот.
Поради фактот што ова туристичко место се наоѓа во „портокаловата“ зона, не е дозволено патување во и од него, освен доколку доколку станува збор за работа или примање лекарска помош. Тоа може да му направи проблем на Португалецот..
Кристијано и Георгина уживаа во снегот, а португалскиот фудбалер сега може да биде казнет за овој излет.
Поради посетата на ова планинско место се очекува да бидат казнети со 400 евра, а бидејќи спиеле во хотел кој бил официјално затворен поради прекин на туристичката сезона, локалните власти имаат нов проблем. Очигледно, правилата не се исти за секого, па во наредните денови тие ќе мора да ја зајакнат контролата врз објектите кои работат.