„Случајот со АНБ кој го спремаа за пред избори и требаше да биде некакво оружје против СДСМ, но им испукна како бомба во раката. Власта бега од декласификација на документите и се плаши јавноста да ја дознае вистината“, велат од СДСМ.
„Очигледен е стравот на премиерот Христијан Мицкоски од содржината на документите што треба да ја докажат неговата приказна за наводно следење.
Декласификацијата ќе открие сè, дали и кој бил следен, кој со кого соработувал, за какви цели, што се крие од јавноста, но и зошто на овој начин ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја манипулира јавноста.
Клучното прашање е зошто Мицкоски се плаши сè да се дознае?
Дали станува збор за: соработка на Мицкоски со странски служби, за комуникација со руски агентури, за нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ?
Дополнително, ако власта тврди дека СДСМ прислушувала, зошто тогаш бега од декласификација? Ете нека ги декласифицираат документите и нека се дознае сè.
СДСМ не се плаши и нема што да крие. Декласификација јасно ќе покаже сè и кој треба да одговара, но и која е виситната позади случајот. Толклу ли многу се плашите од вистината“, прашува СДСМ преку соопштението.
Текстот „Очигледен е стравот на Мицкоски од содржината на документите што треба да ја докажат неговата приказна за наводно следење“, велат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.