Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска отвори предмет по допрен глас во врска со набавката на софтверот за „определување на просечна брзина на возилата во сообраќајот и изрекување казни”.

Oбвинителството отвори предистражна постапка, при што предметниот обвинител издал повеќе наредби за прибирање на потребната документација. По наредбите ќе постапуваат истражителите од истражниот центар при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Министерството за внатрешни работи до обвинителството доставило известување во врска со нивното постапување во случајот.​