Од 16 ноември во подрумите на ГТЦ не се веќе Елвис и Габриел Бајрам кои најверојатно со години тука „копале” биткоини користејќи струја која очигледно ја плаќале сите, освен копачите.

Од Обвинителството за МКД.мк велат дека никој од сопствениците не пријавил дека има сомнеж за нерегуларни сметки за струја, па поради тие причини рацете на обвинителите се врзани и не можат да постапуваат. Само со пријава ќе може да се отвори предистражна постапка и ќе може да се направи вештачење со кое ќе се утврди дали има поврзаност на броилата, каква поврзаност, дали висината на сметките за струја е поради трето лице кое трошело струја од подрумите на ГТЦ…

Додека нема пријава и покрај тоа што во јавноста се знае за овој случај, Обвинителството не може да постапува. 

Од таму појаснуваат дека за ова кривично дело по допрен глас не се постапува, туку морало да има пријава од барем еден потенцијално оштетен граѓанин.

Во врска копањето на биткоини од Обвинителството велат дека тука нема простор за постапување, бидејќи тоа не е кривично дело, но треба оној кој што се занимава тоа да си ја плати сметката за струја.