Обвинителката Ленче Ристоска која го застапува предметот „Таргет-Тврдина“ бара затворски наместо куќен притвор. Причината за вакво нешто е тоа што МВР немало опрема за 24 часовен видео и аудио надзор. Воедно Ристоска вели дека со оглед на тоа дека Мијалков е бизнисмен, добро ситуиран човек, може да обезбеди логистика за бегство, да избега и со оглед на имотот кој го поседува може да обезбеди подолг период да е во бегство. Воедно рече дека Мијалков има дозвола за престој во Прага, Чешка, каде има и регистрирана адреса на живеење и има две возила таму на свое име.