Обвинителството ја доби пријавата од ВМРО-ДПМНЕ, кои обвинуваат за сторен криминал со државни тендери во РЕК Битола во времето кога таму директоруваше Васко Ковачевски.
Обвинуваат за наводно фалсификување на документи од поранешениот дополнителен заменик началник за сузбивање на организиран криминал во МВР Лазе Велковски и обвинителката Вилма Русковска.
Пријавата се однесува на тоа дека лани во февруари наводно тие ја смениле третата страница од пријавата, во која се искажани сериозни сомневање за рекет од одговорни лица на РЕК Битола во делот каде се споменува и името Вице.
– Поднесокот е доставен до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. По проучување, предметот ќе биде проследен на постапување на надлежно јавно обвинителство. – велат од Основно јавно обвинителство.
Опозицијата обвининува дека Васко Ковачевски тогаш барал 250.000 евра во кеш за Вице или СВ Инвест да врши 50% од ископот.
Од СДСМ реагираа дека опозицијата шири лажни вести, и дека ако има фалсификат на документи, Мицкоски да го обвини нивниот кадар во тогашната техничка Влада. Демант имаше и од АД ЕСМ и Подружница РЕК Битола, кои објаснија дека фирмата која го добила тендерот навремено не си ги завршила обврските согласно договорот. За тоа дека опозицијата лаже и манипулира се јави и братот на премиерот Вице Заев.