Гостиварскиот обвинител Арсим Адеми денеска не ја доби поддршката од членовите на Советот за јавни обвинители, за да биде избран во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, пишува Фокус.
Според Фокус тој важеше за кандидат за кој се шпекулираше дека ќе стане дел од Обвинителството на Вилма Русковска, но тука беа и написите во медиумите, кој потсетуваа дека тоа е обвинителот кој се спогоди со Зоран Милевски Кичеец, односно даде согласнос Кичеец да лежи 6 месеци затвор за сообраќајката кај Стража, во која загина едно лице.
Исто така, за него е отворена постапка во Антикорупциска, која испитува дали имало корупција при спогодување меѓу Адеми и Кичеец.
Инаку Адеми беше оценет со највисоки 25 бода, од вишиот јавен обвинител од Гостивар, но сепак за него гласаа само тројца од 10 членови на Советот. Поточна за негов избор гласаа само членовите: Фаик Арслани, Арбер Исаку и Коле Штерје