Екс шефот на УБК, Сашо Мијалков со затворска полиција беше спроведен во Кривичниот суд на судењето за „Титаник 2“.
Седна со адвокатите во претпоследниот ред од судницата и немаше прашања за сведоците, екс членовите на ДИК, Виолета Дума, Борис Кондарко и Субхи Јакупи кои по третпат одговараат на прашања во овој предмет кој беше укинат од Апелација во декември 2019 година. Обвинети се и поранешни челнови на ДИК и лидерот на ДПА, Мендух Тачи, но за нив делата не застаруваат за скоро време.
За Мијалков делото може да застари доколку до април не заврши и првостепено пред Кривичниот суд, но и со правосилна пресуда од Апелација. Обвинителот Гаврил Бубевски е оптимист.
„Гледате дека судот прави напори сето ова да заврши во најбрз можен рок. Јас се надевам дека и Апелација во предвидениот рок до моментот кога настапува апсолутна застареност ќе има своја одлука. И Основниот суд и Апелација“, вели обвинителот Бубевски.
Превземено од Телма