Скопското обвинителството поднесе обвинение против едно лице поради убиството што се случи кон крајот на август зад трговскиот центар „Мавровка“, а беше убиен трговецот Васил Ефтимов.
Обвинетиот, на 20 август, позади трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, од користољубие, со истрел од огнено оружје – пиштол, го лишил од живот оштетениот Васил Ефтимов, по што со пиштолот се заканил и на неговата сопруга и ја одзел од неа торбата која таа ја носела на нејзиното рамо и една гајба во различни бои покриена со шаторско крило во која имало различен рачен алат, а која оштетените ја имале во возилото.
Потоа во автомобил со белгиски регистраски ознаки избегал кон Гази Баба. Подоцна во текот на истиот ден, кога полициски службеници го пресретнале обвинетиот заедно со уште едно лице во автомобил на улицата „Стојна Стефкова“ во Скопје, тој излегол од совозачката врата и кон четворицата полицајци испукал 3 проектили во обид да ги убие.
Полицајците во самоодбрана испукале неколку предупредувачки проектили во воздух со службеното оружје, и успеале обвинетиот да го совладаат, по што тој го фрлил пиштолот и бил уапсен.
Обвинетиот ќе одговара и за недозволено поседување на оружјето со кое го извршил делото – полуавтоматски пиштол марка „ГЛОК 17“, без фабрички број, калибар 9мм, кој го поседувал без дозвола.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка.