Јавен обвинител од специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе обвинителен предлог против поранешниот директор на КПУ Затвор Скопје, Филип Андов – Сокол, и уште седум вработени, поради злоупотреба на службена положба.

Според обвинението, тие во периодот од март до јули 2024 година, овозможиле незаконски погодности за петмина осуденици, вклучително и спроведување до нивни домови и други локации за приватни потреби, соопшти Обвинителството.

Постапката беше отворена во февруари против десет лица, но за две е донесено решение за отфрлање поради недостиг на докази. Тогаш беше соопштено дека петмина осуденици од затворот во Шуто Оризари незаконски биле привремено ослободувани по 8 до 10 часа.

Текстот Обвинение за поранешниот директор на затворот во Шуто Оризари – допуштал осуденици да си одат дома и на приватни локации е превземен од МАКФАКС.