Мисијата на ОБСЕ и ОДИХР оцени дека изборите биле главно мирни и демократски, но со определени проблеми и инциденти на терен. Според нив, избирачките совети постојано се соочувале со проблеми при биометриското гласање. ОДИХР ја нагласува потребата од измена на Изборниот законик во делот на финансирањето на кампањата. Според нив, сегашните законски одредби ги фаворизираат само поголемите партии.
„Спроведувањето на изборите беше усогласено со многу законски рокови, но можноста за исполнување на задачата беше ограничена од ограничениот персонал и ограничените административни капацитети. Доцното спроведување на биометриското гласање создаде дополнителни предизвици при изборите. Денот на гласањето, вклучувајќи го и пребројувањето на гласовите, во голема мера беше спроведено добро и покрај проблемите со биометриското гласање, групното гласање и некои процедурални грешки при пребројувањето. Денот на изборите беше главно мирен. Нашите набљудувачи забележаа излезност од близу 50%, исто како што објавија и од ДИК. Процедурите за гласање генерално се почитуваа, вклучително и анти-ковид мерките. Меѓутоа, ОДИХР забележа проблеми со тајноста на гласачкото ливче, групно и семејно гласање.“