Обвинувањата за наводни злоупотреби при организацијата на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје во 2023 година се институционално затворени уште минатата година, потврдија Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) и Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).
Според нивните заклучоци, постапката за избор на компанија за реконструкција и адаптација на салата „Борис Трајковски“ била спроведена согласно важечките закони и критериуми за фер и транспарентно оценување, без утврдени елементи на корупција.
Проверката започна по иницијатива на тогашниот министер за надворешни работи Бујар Османи, кој, по серија јавни обвинувања, побара ревизија и целосна истрага за постапката.
„Процесот се одвиваше во согласност со законската рамка и не се утврдија коруптивни елементи“, стои во заедничкиот заклучок на ДКСК и Обвинителството.